Млад моторџија трагично загина кај Гевгелија
34 годишен гевгеличанец вчера вечерта загинал во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот од граничниот премин „Богородица“ кон Гевгелија.
Како што информираат од полицијата, гевгеличанецот Р.К. загубил контрола над моторот со кој управувал и се превртел близу бензинската пумпа на „Макпетрол“.
Тој веднаш бил пренесен во здравствениот дом во Гевгелија, но, за жал им подлегнал на тешките повреди.
17.10.2013 - 11:03