ВИДЕО: Додик наседна на шегата и на лажниот Милановиќ му вети прасе

Претседателот на Република Српска Милорад Додик наседна на шегата на водителот на емисијата „Во здрав мозок“ Давор Јуркотиќ, кој се претстави како премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ и од Додик побара да го нагости во Бања Лука.

Јуркотиќ се претстави како секретар на Милановиќ и без поголеми проблеми успеа да дојде до Додик. По куртуазниот поздрав, Додик изрази воодушевување од убавото време, а потоа се пофали и со организацијата на кошаркарскиот турнир во Лакташи. Додик призна и дека има вишок на килограми, но дополни дека работи на тоа.

Лажниот Милановиќ праша дали Додик може да го нагости, на што Додик домаќински одговори дека има убав овоштарник на семејниот имот, а и дека и прасе нема да биде проблем.

Додик малку подзапре кога Милановиќ го праша дали навечер ќе одат во некој клуб, но рече дека може да отидат некаде и оти ќе има „женски“, бидејќи Бања Лука е позната по тоа.

Претседателот на Република Српска сфати дека станува збор за шега, кога „Милановиќ“ рече дека со него ќе дојде и Стипе Месиќ. 

ФОТО: Правда.рс