Хрватска ќе слушне за македонските автори

Фестивалот „Ревија на малите книжевности“, кој ќе се одржи денеска и утре во Загреб, оваа година е посветен на современите македонски автори.

Фестивалот се одржува по деветти пат и е конципирана како презентирање на десет афирмирани македонски автори, на кои во Хрватска се уште не им е објавена книга. Изборот на авторите го направи проф. д-р Венко Андоновски, а на фестивалот ќе бидат претставеним Владимир Мартиновски, Калина Малеска, Јовица Тасевски-Етернијан, Снежана Младеновска Анѓелков, Звонко Танески, Жарко Кујунџиски, Румена Бужаровска, Игор Крајчев, Андреа Јанковски и Иван Антоновски.

На фестивалот ќе биде промовирана и публикација со избрани дела од македонските автори, преведени на хрватски јазик. 

17.10.2013 - 09:47

најчитано сега