Беџети: Шиповиќ брзо ќе биде испорачан во Македонија

Министерот за правда Блерим Беџети вчера информираше дека Министерството за правда ја почнало постапката за екстрадиција на Мирослав Шиповиќ од Виена, пренесува „24 Вести“.

- Шиповиќ се бара да биде екстрадиран во нормална постапка, очекуваме дека многу брзо ќе биде испорачан во земјава бидејќи немаме сознанија дека се бара за сторени други кривични дела надвор од Македонија, вели Беџети за телевизијата.

Мирослав Шиповиќ, претседателот на Советот на општина Центар, вчера беше уапсен на аеродром во Виена. Шиповиќ е првоосомничен во акцијата „Претседавач“.

17.10.2013 - 09:35
Фото: 
Сител

најчитано сега