Се збеснал и си ги застрелал синот и внуката - падна крв во струшко семејство
Бесен стружанец пукал и си ги ранил синот и внуката. Инцидентот се случил вчера околу пладне во куќата на таткото Е.К., сместена во струшко Џепин.
Според досегашните информации од охридската полиција, Е.К. се збеснал, извадил пиштол и пукал во својот син Б.К. и својата внука М.К.
Б.К. и М.К. веднаш биле пренесени во струшката Општа болница, а насилникот бил приведен во полициската станица во Струга. Од полицијата најавуваат дека против Е.К. ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.
17.10.2013 - 09:13