Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

 

Американскиот Стејт департмент, откако Европската комисија ги објави извештаите за напредокот на балканските земји, соопшти дека Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува евро-атланските интеграции на Македонија и другите земји кандидатки.

- САД остануваат посветени на поддршката на земјите кои имаат евро-атлански аспирации. Со задоволство го чекаме денот кога овие земји целосно ќе се интегрираат во европските институции, што пак ќе ги продлабочи и нашите односи и партнерство со нив. Задоволни сме што Европската комисија заклучи дека апсирантите за членство во ЕУ постигнале добар напредок во интеграциите, изјавиле во Стејт департментот за МИА. 

Во Стејт департментот не сакале да коментираат за деталите на извештаите за напредокот на балканските земји.

17.10.2013 - 08:52