Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Во македеонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за европски прашања, за финансирање и буџет, за здравство и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за одбрана и безбедност денеска ќе расправа за предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за детективската дејност, за Законот за приватно обезбедување, за Законот за оружјето и на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, сите во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања ќе се најде Предлог-закон за медијација, во прво читање.

Пратениците на Комисијата за здравство ќе ја разгледаат Информацијата за реализација на јавниот повик за вршење на дијализа во мрежата на ЈЗУ во РМ и да расправаат за предлог иницијатива за одржување јавна расправа.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжат амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Законодавно-правната комисија ќе расправа за повеќе закони во прво читање. 

17.10.2013 - 08:36

најчитано сега