Завршија топлите денови - подгответе се за студ

 Времето во Македонија ќе биде значително посвежо. Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во северните делови на земјата со услови за дожд. Попладне ќе биде претежно сончево со умерена облачност и ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје посвежо време. Претпладне променливо облачно со услови за појава на слаб дожд, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 13 степени. 

17.10.2013 - 08:23
Фото: 
17.10.2013 - 08:23

најчитано сега