Кубеш: Знаеме што може Лазаров, но наше е да ја совладаме Македонија

Селекцијата на Македонија е пред вториот испит на Европското ракометно првенство и натпревар со нашиот голем познаник Чешка, кој се игра во рамки од второто коло од групата Б.

Еден од селекторите на нашиот противник Даниел Кубеш е свесен дека најголемата опасност за нивниот гол доаѓа од Кирил Лазаров, но сè уште не решил како неговите избраници ќе го решат со тоа, дали ќе играат поагресивно кон нашиот капитен или со некоја друга тактика, пренесуваГол.мк

„Сите знаеме дека најголемата опасност за нашиот гол е Кирил Лазаров. Тој не само што лесно постигнува голови туку и има одлична соработка со соиграчите. Затоа не треба да отстапуваме од нашиот систем, бидејќи ако се случи тоа ќе се отвори дупка на некое место.

Треба добро да размислиме како да се справиме. Ако играме поагресивно на Лазаров, тоа ќе им отвори простор на другите играчи... Како и да е, наше е да ја победиме Македонија, но за тоа мора да исполниме сè од зацртаното“, рече Кубеш. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега