РК Вардар се пофали: Капитенот Стоилов и уште десет вардарци дел од ЕП 2020

Нашиот капитен Стојанче Стоилов ќе биде дел од сениорското ЕП што од денеска до 26 јануари ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска. Тој ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија која ќе игра во групата во Виена, објави на својата страна ракометниот клуб Вардар.

Таму се уште и репрезентациите на Австрија, Чешка и Украина. Најдобрите две продолжуваат во следната фаза што исто така ќе се игра во Виена, заедно со најдобрите две репрезентации од Грац и Трондхајм.

-Вардар ќе биде застапен со повеќе играчи на ЕП, па и тренери. Покрај Стоилов кој ќе настапува за Македонија, на ЕП 2020 ќе играат уште и: Дибиров, Горбок, Атман, Шишкарев и Калараш (Русија), Кугис и Криштопанс (Летонија). Спортскиот директор Едуард Кокшаров е селектор на Русија, а нашиот тренер на голмани Дејан Периќ е исто така дел од националниот тим на Русија, стои во соопштението на клубот.

Во стручниот штаб на Македонија се и тренерот на голманите на женскиот им и помладите категори Александар Царчев и физитерапевтот Димитар Маневски.

Русија игра во група Е во Малме заедно со Данска, Унгарија и Исланд, а Летонија настапува во група Ц заедно со Шпанија, Германија и Холандија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа