Голема акција на УЈП во моментов - се чешлаат фирмите кои соработувале со Шиповиќ

Управата за јавни приходи во моментов спроведува голема акција за проверка на финансиското работење на фирмите, Инком, Интеркомерц и Биметали, дознава Press24 од свои извори. Станува збор за фирмите кои се вплеткани во бизнисите со Машинопромет. 
Соред информациите, веќе се обезбедени испратници помеѓу првите две фирми во сопственост на двајца сопружници и Биметали – фирма регистрирана за откуп на старо железо. Нашите извори велат дека токм утоа ќе биде еден од доказите дека функционални машини се продавале како старо железо. Имено, фирмите Инком и Интеркомерц не можеле од Биметали да купат старо железо, бидејќи за тоа немале овластување од државата.

Осомничените пред Судот ќе треба да објаснат, како Биметали од Машинопромет купила старо железо а потоа, истото им го продала на фирмите Инком и Интеркомерц кои немаат право да купуваат вакви суровини.

16.10.2013 - 15:21

најчитано сега