ЕВН подготвени да се справат со предизвиците на зимата

ЕВН Македонија е подготвена за зимата. Справувањето со предизвиците и сигурното и навремено снабдување на своите корисници е главната цел. Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции. Во првата половина на оваа година направена е инспекција на 21 000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7 730 трафостаници во земјава.

ЕВН интервенираше на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 106 км среднонапонска и на 104 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1900 делумно оштетени столбови.

 Коригирано е заземјување на 260 столб од среднонапонската мрежа и на 30 ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа и на ТС 10(20)/0,4 кВ.

  Во првата половина од оваа година е изградена нова надземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во должина од 58км и 70 км нова подземна кабловска мрежа на ниско и срфедно напонско ниво. 

За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и набавени се нови 44 возила за движење во тешко пристапни места. Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава  со што на располагање е ставена целата механизација. Околу 300 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции, а уште 400 може дополнително да се ангажираат. Во случај на големо невреме и опасност по мрежата според договорите со надворешни компании може да се вклучат дополнителен број на  електромонтери. Сите активности на ЕВН се насочени кон успешно справување со предизвиците на зимата. Останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетричната енергија.

 

16.10.2013 - 13:19

најчитано сега