Владата вработува 300 лица со инвалидност - еве кои критериуми треба да ги исполнат

Министерството за труд и социјална политика денеска ги објасни условите кои треба да се исполнат за вработувањето на 300 лица со инвалидност.

Според огласот, за вработување може да аплицираат лица со оштетен вид, со оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, со телесна инвалидност, со пречки во менталниот развој, со комбинирани пречки и инвалиди на трудот. Изборот на кандидатите ќе се врши според следните критериуми: 40 бода за лицата со инвалидност кои најдолго се невработени, 30 бода за лице кое нема приходи, 20 бода за лице со инвалидност од домаќинство без приходи и 10 бода за лица со инвалидност од домаќинства во коишто има приходи и самохран родител, еднородителско семејство или домаќинство во коешто два или повеќе членови се лица со инвалидност.

- При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

За подетални информации посетете ја страната на Министерството, mtsp.gov.mk , каде во наредните четири дена можете да дадете свои предлози и коментари за огласот.

16.10.2013 - 13:11
Фото: 
Инпрес

најчитано сега