Црвениот крст во Куманово собира средства за социјални категории граѓани
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на борба против гладот, волонтери на општинската организација на Црвениот Крст во Куманово започнаа акција за собирање средства за ранливите категории лица преку продажба на бонови по симболична сума од дваесет денари.
Оваа акција ќе се спроведува во наредните седум дена, а пакетите храна ќе се делат кон крајот на овој месец.
- Волонетерите собираат средства и од граѓаните и од бизнис заедницата. Веќе ги испративме поканите до стопанствениците. Може да се констатира дека секоја година се собираат околу 70 пакети со храна кои потоа се делат на лица евидентирани во Центарот за социјални работи,како корисници на социјална парична помош, вели секретарот на оштинската организација,Иле Митковски.
16.10.2013 - 12:56