Баневски: Бојан ми рече да направам приказна за Главчев, кога дознав дека тој имал проблеми со Јанева, ми стана јасно

Христијан Баневски, поранешен вработен во 1ТВ, на денешното судење за „Рекет“ во Кривичниот суд рекол дека му паднало сомнително кога Јовановски побарал да направи успешна приказна на Главчев и НОЕЛ. Тој прво одбивал, но потоа, како што кажал му „светнало“ кога дознал дека Главчев имал проблеми со Јанева, објави ТВ21.

„Се запознавме со господинот Главчев, а Бојан ми рече дека почнуваме нов серијал со успешни приказни, и дека првата приказна е со Главчев, со НОЕЛ. Јас не сакав да го направам тоа, затоа што не знаев што навистина се случува. Искрено мислев дека ќе треба да го „переме“ за евентуални криминали, се додека не дознав дека Главчев имал лични проблеми со Јанева, и ми стана јасно која е приказната“, рече Баневски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега