Баневски во „Рекет“: Го прашав Боки 13 дали рекетираат, а тој ми рече „Телевизијата мора да живее од нешто“

Новинарот Христијан Баневски, кој работеше во телевизијата 1ТВ, кој е сведок во случајот „Рекет“, кажа дека при разговор со неформалниот сопственик Бојан Јовановски го запрашал дали рекетираат одредена фирма, на што Јовановски рекол „Оваа телевизија мора од нешто да живее“, пренесува ТВ21.

„ Знаеше и Бојан да даде свои идеи и упатства како треба да тече емисијата која ја водев. Евнаш бев повикан во канцеларијата на Јовановски, беше присутно уште едно лице, не го знаев. Ми дадоа информација дека во Адриа од Велес месната индустрија, наводно имало криминали. Во зградата на сопственикот на таа фирма, бил штаб на една политичка партија, која не плаќала кирија, и има судир на интереси. И беше приказна за истражување. Но, мене ме чудеше односот на Бојан. Откако ми го даде бројот на сопственикот, Бојан беше заинтересиран само дали тој се уплашил кога јас го контактирав, а неговата првична реакција на тој човек беше дека како телевизија сме рекетари, дека не сака да има ништо со нас, и дека не сака да разговара, и ми спушти.

Бев вознемирен, затоа што не се сметам за рекетар. Сакав уште еднаш да се обидам, дали има приказна, да се разбереме. После една недела откако го побарав повторно Перо Колевски, сопственик на Адриа ДООЕЛ, ми рече: „Може да снимиме, но јас сум на пат сега, ама ќе се договориме“.

Во тој период Бојан инститираше да одиме во Велес, да ја снимаме фабриката. Барав да го прашам Јовановски, стигнав до него и го прашав дали го рекетирате овој човек, тој ми одговори: „Оваа телевизија мора да живее од нешто“-сведочеше Баневски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега