Баневски: Боки 13 се мешаше во уредувачката политика

Новинарот Христијан Баневски кој работеше во 1ТВ, денеска дава исказ за случајот „Рекет“. Тој на почетокот на исказот рече дека Бојан Јовановски – Боки 13, барал од него да прави прилог, односно се мешал во уредувачката политика на телевизијата, пренесува ТВ21.

„Бараше од мене да правам најава за испитување на квалитет на сите флаширани водаи и дека ќе ги објавиме резултатите. Целта беше да укажеме дека некој вода од чешма ја пакува и ја препродава. Иако јас ја најавив, таа никогаш не беше објавена. Боки бараше од мене да го најавувам по неколку пати. После извесен период Пелистерка стана главен спонзор во 1ТВ“, рече Баневски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега