Струмичани краделе дрва за огрев па нападнале шумски полицајци
Шумската полиција на Струмица биле нападнати од страна на неколку насилници кои се обиделе да украдат огревни дрва. Настанот се случил околу 16 часот вчера кога шумската полиција забележала комбе натоварено со огревни дабови дрва, а откако лицата кои го управувале комбето ги виделе шумските полицајци, веднаш со него избегале од местото на настанот.
Потоа, шумската полиција го забележала комбето паркирано на улицата „Климент Охридски“, а при обид двајца шумски полицајци да го стартуваат, биле нападнати од страна на неколку насилници кои почнале да ги навредуваат и да им упатуваат закани по живот.
Полицијата трага по сторителите.
16.10.2013 - 12:35
Фото:
Лидер.мк