Грчките пратеници ќе гласаат за укинување на имунитетот на неколку парламентарци од Златна Зора

Грчките пратенници  денеска ќе гласаат за укинување на имунитетот за неколку членови од Парламентот од партијата Златна зора, продолжувајќи на тој начин со сузбивањето на дејствувањето на неонацистичката партија.

Пратеници од Златна зора го напуштија Парламентот пред почетокот на гласањето со кое, како што се очекува, ќе биде усвоено барањето за укинување на имунитетот.

Гласањето доаѓа по опсежната истрага по минатомесечното убиство на еден антифашистички музичар.

Укинување на имунитетот е побарано за Јоргос Јерменис, Ефстатиос Букурас и Панајотис Илиопулос, парламентарци од Златна зора.

 

16.10.2013 - 12:31

најчитано сега