Слаб снег кај Паланка - сообраќајот на патиштата се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има само во Крива Паланка, но без проблеми во сообраќајот.

Поради минирање на патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека- с.Врбјане, од 12 до 15 часот на ден 27.12.2019 сообраќајот ќе биде делумно во прекин само кога ќе се изврши минирањето.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега