Добил ќотек без причина - млади насилници претепале штипјанец

Група насилници утрово околу 1 часот по полноќ нападнале штипјанец кој со својот мопед се движел на улицата “Радански пат” во Штип. 30-годишниот Д.К. бил пресретнат од непознати лица кои без никаква причина физички го нападнале при што тој се здобил со тешки повреди во пределот на телото.

Момчето веднаш било пренесено во Клиничкиот центар во Штип, а по кратко време полицијата ги привела 20-годишниот И.М. и една година помладиот М.Н. кои и од претходно и се познати на полицијата како сторители на кривични дела.

Засега не е познат мотивот за нападот.

 

16.10.2013 - 12:23

најчитано сега