Највисоките српски официјални лица на средба со Иво Јосиповиќ

Претседателот на Хрватска , Иво Јосиповиќ денеска е во официјална посета на Белград , каде што ќе разговара со високи српски официјални лица.

Се очекува да стане збор за нова и стари теми – за употребата на кириличното писмо, воените злосторства, исчезнатите луѓе, пензиите за бегалците, правата на малцинствата, но и за тужби и контратужби за геноцид кои Хрватска и Србија меѓусебно ги поднесоа во Меѓународниот суд за правда.

Најпрво Јосиповиќ ќе има средба со српскиот претседател Томислав Николиќ , а подоцна ќе им се придружат и државни делегации.

 Со хрватскиот гостин ќе разговара и премиерот Ивица Дачиќ, претседателот на парламентот Небојша Стефановиќ, а планирано е тој да има говор во парламентот на Србија.

16.10.2013 - 10:51

најчитано сега