Сеуште се трага по телото на рибарот во Тиквешкото езеро

Специјална полициска екипа на нуркачи денеска сеуште трага по телото на рибарот кој вчера го загуби животот во водите на Тиквешкото езеро.

Се работи за телото на 56-годишниот Радо Т. кој вчера со свој пријател отишол да лови риби, но во еден момент во чамецот почнала да навлегува вода при што двајцата рибари скокнале во водата, но за жал, водата го повлекла и тој не успеал да си го спаси животот.

Потрагата по телото на удавениот маж продолжува и денеска.

16.10.2013 - 10:46
Фото: 
рибар.мк

најчитано сега