Маскиран и вооружен разбојник ограбил бензинска на Макпетрол

Бензинска на "Макпетрол" синоќа била мета на крадци. Се работи за бензинската пумпа лоцирана  во скопската населба Ѓорче Петров каде маскиран и вооружен разбојник влегол околу еден часот по полноќ, и со закана по живот побарал да му биле даден дневниот промет.

Како што пренесува МВР, разбојникот од касата земал 5.500 денари по што избегал во непознат правец. Полицијата трага по него.

16.10.2013 - 10:40
Фото: 
Денешен

најчитано сега