Ја потегнал за јазикот и се спасил - храбар човек победил мечка

 

Жил Сир од Канада успеал да се спаси од напад на мечка така што силно ја повлекол за јазик. Тој бил на својот имот во  Драмнод на истокот на Канада,слушнал чуден звук.

- Не ни успеав да ја свртам главата, а мечката веќе ми дишеше во вратот. Нејзиното рикање беше ужасно - изјавил Сир

Но сепак Жил успеал да си го спасил животот.

- Мечката ми ја отвори својата уста во лице. Последно на што се сеќавам е тоа дека со рацете ѝ го влечев јазикот со целата сила. Таа се вртеше неконтролирано и неколку пати си го гризна својот јазик, и откако ѝ го пуштив јазикот си замина во шумата - раскажал Сир за „Хафингтон пост“.

Канаѓанецот бил веднш пренесен во локалната болница каде му била пружена помош.

16.10.2013 - 10:26

најчитано сега