Мала приватна и интимна крштевка за принцот Џорџ

Кралска кршевка за принцот Џорџ нема да има, туку мала интимна и приватна свеченост, пишуваат лондонските медиуми.

Оваа одлука ја донеле родителите Вилијам и Кејт и поради тоа на крштевката нема да присутвуваат ниту некои од високите членови на кралското семејство, пишуваат весниците.

Во листата на гостите се очекува да се најдат кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип, дедото на бебето - престолонаследникот Чарлс, неговата сопруга Камила, братот на Вилијам - принцот Хари, како и родителите на Кејт Мидлтон и нејзината сестра Филипа (Пипа) и братот Џејмс. Меѓу гостите се очекува да се најдат и најблиските пријатели и другари на Вилијам и Кетрин Мидлтон.

Крштевањето на принцот Џорџ  е закажано за 23 октомври.

16.10.2013 - 10:14

најчитано сега