"Помислете и на нас“ - кампања на Црвениот крст за ранливото население

Црвениот Крст на Македонија денеска ќе го одбележи 16-Октомври-Меѓународниот ден на гладот со кампања чија цел е да се собере храна за најранливото население.

Под мотото "Помислете и на нас“  Црвениот крст ќе спроведе собирни акции од 16-ти до 22 месецов, во соработка со образовно-воспитните институции, компании и здруженија на граѓани.

Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата ќе бидат наменети за обезбедување храна за помош на ранливото население.

16.10.2013 - 09:58

најчитано сега