Осуденик на смртна казна преживеал бесилка

Осуденик на смрт во Иран минатата среда бил "обесен" во затворот Боџурд поради трговија со дрога, но успеал да преживее. Тој веќе бил прогласен за мртов и однесен вомртовечница, но кога неговото семејство дошло по него, забележале дека тој е жив. 

Затвореникот бил веднаш однесен во болница, но откако ќе заздрави повторно ќе мора да оди на бесилка за делото кое го направил.

Како што пренесува Дејли меил, овие информации ги потврдило и семејството на затвореникот.

16.10.2013 - 09:52
Фото: 
новини.мк

најчитано сега