Почина сопственикот на Харибо
Почина сопственикот на најголемата германска компанија за гумени бомбони, Харибо. Ханс Ригел почина вчера на 90- годишна возраст од срцеви проблеми.
Основачот на Харибо, во 2010 година го препушти управувањето со компанијата на своите двајца внуци, Ханс Гуид и Ханс Арндтом.
Компанијата е формирана во 1920 година во Бон. Денес произведува во 15 европски држави и вработува 6.000 лица, а извезува во над 110 држави.
16.10.2013 - 09:47