Загинаа 107 лица во земјотресот на Филипините

 Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ги погоди Филипините достигна 107 лица. Екипите продолжуваат да  ги спасат луѓето кои се затрупани под урнатините.

Речиси три милиони лица беа погодени од земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер, што го погоди централниот остров Бохол, на 640 километри јужно од Манила.

Најмалку 97 лица загинаа во провинцијата Бохол, а други 10 на соседните острови Себу и Сикихор. Околу 276 лица се повредени, според податоците на националната агенција за управување со природни катастрофи.

16.10.2013 - 09:37

најчитано сега