Тинејџер избоде пет соученици

16- годишен тинејџер од Португалија со нож избоде пет лица во своето училиште, во обид да го имитира масовото убиство од гимназијата Колумбајн во САД, извршено во 1999 година, пренесе ДПА.

Убиството се случило во градот Масама, на 10 километри северозападно од Лисабон.

Меѓу избодените имало четворица ученици и 40-годишен службеник во училиштето.

Едно од момчињата е во тешка здравствена состојба.

Напаѓачот прво предизвикал мала експлозија во училиштето за да создаде паника, пред да ги нападне учениците и продавачите, кои биле собрани во училишниот двор.

Полицијата го запрела пред да повреди уште луѓе.

Кај момчето бил најден лист на кој пишувало дека сака да убие најмалку 60 лица.

На 20 април 1999 година во гимназијата во Колумбајн, во државата Колорадо, двајца ученици убија 12 ученици и еден учител, по што се самоубија.

16.10.2013 - 09:19
Фото: 
Кајгана

најчитано сега