ДИК без претседател - Кондарко си поднесува оставка

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко најверојатно ќе си поднесе оставка. За тоа веќе се разговарало во СДСМ, од каде што е делегиран претседателот на ДИК. Информацијата вечерва во интервју за 24 вести ја потврди и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
На новинарско прашање зошто Кондарко не алармира дека има проблеми со избирачкиот список и зошто не си поднесе оставка, Заев вели дека Кондарко најверојатно ќе се збогува со оваа позиција.

“Најверојатно и ќе си поднесе оставка. Ние веќе разговараме за оваа работа, бидејќи ова веќе не е издржливо. Не може да носите вина. Министерството за внатрешни работи го комплетира избирачкиот список“ - вели Заев.

Тој смета дека Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список бидејќи во ДИК нема мнозинство.

Повлекувањето на Кондарко од ДИК ќе значи уште еден начин на СДСМ да го пролонгира одржувањето на евентуалните превремени избори за кои Заев јавно призна дека СДСМ не сака да се одржат.  Слична беше ситуацијата и во 2011 кога тогашниот прв човек на ДИК, Александар Новаковски си поднесе оставка.

15.10.2013 - 23:15

најчитано сега