ФОТО: Министерот Ристовски ја провери состојбата во училиштата во Виница и Карбинци
Министерот за образование и наука, Спиро Рисотвски, денеска беше во работна посета на Виница и Карбинци каде се сретна со градоначалниците на општините, Емил Дончев и Зоран Минов.
Министерот во Виница го посети Основното училиште „Гоце Делчев“, каде за прв пат годинава е воведена насока основно музичко образование, а потоа го посети и средното училиште „Ванчо Прке“.
-Продолжуваме со реконструкција на покривни конструкции и санитарни јазли во повеќе училишта во Источниот Регион. Се продолжува со изградба на веќе започнатите спортски сали во рамки на училиштата, а ќе има и изградба на нови спортски сали, рече Ристовски.
Македонскиот министер за образование и наука денеска оствари средба и со наставниот кадар од училиштата од Виница и Карбинци со чија помош се информираше за актуелните состојби во образованието.