Ја продале и ја принудиле да се омажи - малолетничка од Македонија преживеала хорор во Хрватска

Минатата недела хрватската полиција започнала голема полициска акција за разбивање на трговија со луѓе и злоупотреба на деца, а во текот на истрагата било откриено дека тинејџерка од Македонија била продадена за брак во Хрватска.

Како што пренесува порталот Индекс.хр, се работи за 15-годишно девојче кое било продадено од страна на 53-годишна Македонка на Хрвати на возраст од 44 и 45 години, кои ја принудиле да се омажи за 21-годишно момче. Сумата за која малолетничката била продадена во Хрватска е неколку илјади евра.

Девојчето од Македонија сега е превземено од социјалните служби во Хрватска, јавува порталот Индекс.хр.

 

15.10.2013 - 16:01
Фото: 
Идивиди

најчитано сега