Раст на продажните цени на индустриските производи

Државниот завод за статистика денеска објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи во август годинава се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 1,3 проценти на годишно ниво во споредба со истиот период минатата година.

Во август во споредба со јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „преработувачка индустрија“ за 1 процент, а пониски се во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,1 процент и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,1 процент. Во август годинава во однос на август лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 0,6 проценти, во „преработувачката индустрија“ за 2,1 процент, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се повисоки за 9,5 проценти.

На странските пазари продажните цени се повисоки за 1,7 проценти на месечно ниво, а  пониски за 1,3 проценти на годишно ниво.

Во однос на август минатата година продажните цени се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 1,6 проценти и во секторот Преработувачка индустрија за 1,3 проценти.

15.10.2013 - 15:46
Фото: 
денешен.мк

најчитано сега