ВМРО-ДПМНЕ: Никој не смее да се меша во работата на судската власт!
Собирот на СДСМ кој денес го организираа пред основниот суд е класичен пример за вршење на политички притисок врз независната судската власт.
Зоран Заев се дрзна дури и да дели насоки како судот треба да работи. Никој Во Република Македонија, ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не смее да се меша во работите на судската власт, а уште помалку да одлучува и да дели насоки какви постапки ќе превземаат легитимните судски органи.
СДСМ во многу наврати наназад покажа дека не ја почитува самостојноста на судската власт во ситуации кога некој член од највисокото раководсвто на СДСМ е обвинет за криминал. Јавноста добро се сеќава на снимките кога Радмила Шекеринска се туркаше со полицијата и кога се обидуваше насилно да влезе во судот.
СДСМ и Андреј Жерновски мора да престанат да користат уцени и лаги, со цел да го заштитат Мирослав Шиповиќ, за кого надлежните институции имаат основано сомнение дека сторил криминал.
Единстево нормална постапка би била да им се дозволи на институциите да ги спроведат сите постапки и да донесат одлуки врз основа на закон, како и за секој друг случај.
Неосновани и лажни се тврдењата на СДСМ и Жерновски дека Советот во Општина Центар не може да функционира. Повторуваме дека, според Законот, доколку Шиповиќ се повлече или поднесе оставка на негово место доаѓа следниот од листата на СДСМ. На тој начин Советот во Општина Центар ќе може пак да функционира онака како што сака Андреј Жерновски и СДСМ. Дополнително за сите одлуки кои се во интерес на граѓаните (за парно греење, за градинки, за училишта, за урбанистички планови и сл), поддршка ќе даваат и советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно дека Андреј Жерновски ја злоупотребува оваа ситуација како изговор да не ги реализира ветувања од локалните избори, затоа што и досега ништо не направи. Како и обично тој ужива во улогата да изигрува жртва, па затоа сега и сам се прогласува дека ќе биде апсен.
Ова е крајно неодговорно.
Наместо со закани за насилно рушење на демократски избрана власт, СДСМ и Жерновски треба да се занимаваат со тековната работа на Општина Центар.
Легитимитетот на секоја власт ја даваат само граѓаните и само тие може да одлучуваат кој и до кога ќе биде на власт. Граѓаните веќе неколку изборни циклуси ја даваат довербата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ токму поради вцаквата деструктивна политика базирана на лаги , уцени и повици на насилство ги губи последните 7 изборни циклуси.
Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ: