Заев: Целта е да пуштиме порака да се почитува законот а не да вршиме притисок врз судот

 

Дозволете ми да дадам изјава и објаснување зошто побаравме да не прими Претседателот на судот и му благодариме за тоа.

Целта на ова наше барање пред Основниот суд Скопје I е да ја потврдиме нашата намера изразувајќи протест во знак на солидарност, не за да вршиме притисок врз судот, напротив нашата намера е да пуштиме силна порака да се почитува законот во Република Македонија и да се охрабрат почитуваните судии кои носат одлуки и да се одважат при носењето на тие одлуки да ги почитуваат законските одредби.

Овој суд припаѓа на една друга власт сосема независна, но исто така и локалната власт е сосема независна власт. Законот ги нуди сите аспекти на олеснителни околности за да може да функционира локалната власт. Од тие причини, имаме човек кој што нема да побегне, напротив тој се враќа назад.

Драго ми е што е уапсен во Виена е не во Америка, со тоа се покажува дека се враќа назад и дека многу брзо ќе биде овде за да се брани пред се од слобода и да ја докаже својата невиност.

Уште еднаш околу тоа што значи блокирањето на Општина Центар и колку се важни одлуките кои се носат, но притоа законот реално ги дава сите други можности, кои што значат, одземање на патна исправа, нудење под хипотека на имотот на Шиповиќ, еднаш неделно да се јавува пред овој суд.

Исто така ги нудиме и нашите станови кои што не се под хипотека, мојот стан, станот на Радмила Шекеринска, становите на нашите членови на раководството, се со крајна цел да добиеме право Шиповиќ да се брани од слобода. Тој се враќа овде убеден исто како и ние дека не се огрешил пред законот, секако тоа треба да се докаже пред суд. Секако не сакаме да има амнестија за Шиповиќ.

Сакаме судот да согласно законските одредби да си ја заврши работата. Со тоа сакаме силно да испратиме порака до МВР и Јавното обвинителство. Тоа се институции чии што челните луѓе се поставени од власт. Непочитувањето на пресумцијата на невиност и леснотијата при испорачување на барање за притвор, станаа веќе секојдневна пракса во Република Македонија.

Како што вели еден мој пријател, сите денеска носиме една жолта трака на левата рака, фигуративно кажано, само прашање на време е кога кој ќе биде повикан под туш. Овој страв и сила кои што се демонстрираат апсолутно ние нема да ги дозволиме. Од тие причини согласно законот без никакво мешање на било кој политичар во судската власт бараме правичност и правда за секој од притворените и за секој осомничен досега и во иднина.

 Интегрален текст од изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

 

 

 

 

15.10.2013 - 15:31

најчитано сега