Мис на Македонија наскоро ќе го каже судбоносното "ДА"

Актуелната мисица на Македонија, Кристина Спасеновска, се сврши со своето момче, српскиот кошаркар кој игра за „КК Пелистер“ Никола Вуксановиќ.

- Очекував дека ќе ме побара за жена, но не очекував сега. Но,ваквата голема љубов мораше да добие круна. За мене, љубовта е најцврстиот столб во семејството, а ние двајцата ја имаме во изобилство. Не очекував дека на 20 години ќе го запознаам човекот на мојот живот. А, кога го запознав, не ми требаше многу за да госфатам тоа. Никола е зрел, интелигентен, духовит и секогаш е позитивен. Знае да ги почитува вредностите и тоа најмногу ми се допаѓа кај него. За свадба е рано бидејќи се договоривме дека прво ќе го завршам факултетот, да го остварам она што си го ветивс ебеси, а и на мојот покоен татко. Но, се подразбира, по завршувањена факултетот, ќе живееме во Србија,  вели Кристина.

15.10.2013 - 14:51

најчитано сега