Гувернер убиен во џамија за време на молитва за Курбан Бајрам

Убиен е утрово гувернерот на авганистанската провинција Логар, Арсал Џамал.  Гувернерот бил убиен за време на молитвата во џамија по повод Курбан Бајрам каде тој држел говор на верниците, пренесуваат локалните медиуми.

Бомбата поставена во микрофонот,активирана е во моментот кога Џамал започнал со својот говор, после молитвата со која бил обележан почетокот на празникот.

При експлозијата повредени биле уште осум лица.

 

 

15.10.2013 - 12:56

најчитано сега