Врнежи и паднати температури - од вторник повторно промена на времето

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 11 степени, а дневната температура од шест до шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Нови врнежи од дожд и снег на планините се очекуваат во вторник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 07:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега