СДСМ: Повеќе пари за граѓаните, на прав пат сме

Самитот на НАТО во Лондон ја потврди Република Северна Македонија како 30 земја членка на Алијансата. Ова го велат денеска СДСМ преку соопштение.

- По успешната ратификација на Протоколот за пристапување во 28 земји членки, останува уште само ратификацијата од страна на Шпаниија, по што Северна Македонија и официјално станува 30 земја членка на НАТО. Тоа е реализација на една голема и важна стратешка цел, сонот на генерации граѓани се остварува, целосно е заокружена цел поставена уште од Денот на независноста на државата.  Рамо до рамо со светските лидери, во најмоќниот свтетски сојуз. Влезот во НАТО значи трајно обезбедување на стабилноста, сигурноста и безбеденоста, но влезот во НАТО значи и можност за дополнителен економски раст, нови инвестиции, освојување нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места, велат тие.

Сето тоа значи повеќе пари за граѓаните, додаваат од власта.
 
- На прав пат сме, од заробена, изолирана држава денес сме партнер на регионот и демокартскиот свет, со сигурна и стабилна иднина, велат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега