Ципрас: Спорот за името требаше да се реши одамна со географска одредница

И лидерот на опозициската СИРИЗА, Ципрас, во однос на грчко-македонскиот спор за името смета дека овој проблем требал да биде решен многу одамна со сложено име со географска одредница.

Како што пренесува Канал 5, Ципрас говорејќи во емисија на ТВ Стар  каде одговарал на прашања од публиката, изјавува дека доколку политичките партии го прифатеа ставот на СИРИЗА од пред 20ина години, сега меѓу двете земји ќе имаше поразвиени економски и трговски односи.

- „За жал, со години, држиме отворена една рана, сега расте национализмот, опасен национализам, тешко е да има договор со другата страна. Тука, требаше да се има решено овој проблем и да имавме продолжено кон голем напредок во економските релации и трговските релации, бидејќи други се опасните фронтови во нашата надворешна политика. За жал, ова го држиме отворено сите овие години, изјави Ципрас.

За оние членови од партијата кои не го делат истото мислење со него и немаат проблем со уставното име на Македонија Ципрас вели: - „Нашите членови имаат право да имаат право да имаат различно мислење од колективното и да го изразуваат јавно. Така функционираат демократските партии. Но, јас не се согласувам и тоа не е колективното мислење на партијата“, додал Ципрас.

 

15.10.2013 - 12:24

најчитано сега