Само 500 работници во Македонија работеле за празниците?

 

500 пријави од работодавачи пристигнале до државниот инспекторат, дека од нивните компании за време на велигденските празници ќе бидат ангажирани работници.

Деновиве се очекува инспекторите да излезат и на терен, за да утврдат дали на овие вработени им се испалтени празнични дневници и дали сите компании кои празникот ангажирале работниците ги пријавиле, јави Сител.

Ако при контролата се утврди дека вакви дневници не се исплатиле, тие газди ќе бидат казнети со глоба од 3000 до 4000 евра и од 2 до 3000 евра за фирмите кои нема да ги пријават вработените кои работеле за празник.

Иако и досега работодавачите имаа обврска на работниците да им платат празнични дневници или пак за прекувремена работа, сепак во првите три месеци од годинава во 7000 контроли биле поднесени над 200 барања за прекршување на работничките права.

Пред извесно време се воведе електронско пријавување на прекувремена работа, ноќна смена и работа за време на државни празници. Но и при овој начин на пријавување работодавачите треба да ги запазат роковите кои се предвидени во законот за работни односи, извести Сител.

најчитано сега