Венизелос во Тирана разговарал и за македонско-грчкиот спор со името

Грчкиот министер за надворешни работи, Ванизелос, за време на посетата на Тирана не разговарал само за создавањето на ексклузивна економска зона меѓу Грција и Албанија, туку тема на разговор била и Македонија.

Како што денеска пренесува грчкиот весник „Ризоспастис“, Венизелос во Тирана се осврнал и на тоа што во Македонија има големо албанско малцинство кое е застапено и во Владата, а исто така тема на разговор бил и македонско-грчкиот спор за името.

Потсетувајќи дека „грчките власти досега имале средби со македонски Албанци од Владата во Скопје во врска со прашањето за името“, „Ризоспастис“ пишува дека „употребата на албанското малцинство во Македонија со цел да се промовира решение за прашањето за името само ги заострува постоечките противречности и антагонизми во регионот“.

15.10.2013 - 11:40
Фото: 
новатв