ФОТО: Манчестер сити и подари дрес на Северина

Фудбалерите на Манчестер сити благодарение на босанскиот играч Един Џеко се запознале со хрватската дива Северина. Пејачката од фудбалерите добила дрес на кој се потпишале.

 Севе почестена го облекла дресот кој и бил подарен,  и со насмевка на лицето се фотографирала ставајќи им до знаење на своите фанови за кого навива.

Един Џеко се пофалил на својот Твитер профил со фотографијата од пејачката, под која напишал:
„Подарок на „змеевите“ за Северина!“

15.10.2013 - 11:34

најчитано сега