Крадците не запираат - скопјанец остана без 450.000 денари
Уште еден стан во Скопје мета на крадци. Во текот на вчерашниот ден околу 16 часот, бил ограбен станот на 55-годишниот С.А. од Скопје, лоциран на улицата Шумадиска, каде непознат сторител влегол со помош на погоден предмет, извршил пребарување и одзел метална кутија полна со накит и пари.
Крадецот на овој начин се стекнал со 450.000 денари.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
15.10.2013 - 11:33
Фото:
Сител