"Не сакав да ја продадам куќата за семејството да не ми остане на улица" - Ацо Конга си ја отвори душата

Приказната за тешката болест на македонскиот музичар Ацо Конга ја потресе македонската јавност. Овојпат музичарот реши да си ја отвори душата за "Теа Модерна" и да раскаже што се му поминало низ главата кога дознал за состојбата во која се наоѓа.

- Се мислев дали да ја продадам семејната куќа за да се спасам, но не сакав да го оставам моето семејство на улица, изјави музичарот за Теа Модерна.

Откако конга дознал за тешката болест, започнал да продава работи од својот дом, а меѓу нив се нашле и неговите конги за кои вложил многу време, пот и труд низ годините. На музичарот метастазите му се прошириле и на други места, па итно му е потребна најдобра и најусовршена терапија која чини 15.000 евра.

Па, да бидеме хумани и да донираме за Ацо Конга: 

ACO BOGDANOVSKI - SPARKASSE BANKA 

BROJ NA SMETKA: 250-0010009953-94
BROJ NA LICNA KARTA: A0087494

ULICA "VERA JOCIK" br 25 OPSTINA KISELA VODA - SKOPJE

15.10.2013 - 11:23
Фото: 
Утрински

најчитано сега