Авион со 14 патници исчезна во Мексико

 Исчезнал   авион со 14 патници во северниот дел на Мексико.

Контролата на летот го загубила контактот со пилотот на авионот „цесна 208б" кратко по полетувањето од аеродромот во крајбрежниот град Лорето.

Авионот летал за градот Сиудад Конститушн во државата Баја Калифорниа Сур.

 Поради лошите временски услови спасувачките екипи и војската ја прекинале потрагата по исчезнатите.

15.10.2013 - 11:19

најчитано сега