Како починал познатиот ортопед чие тело утрово беше пронајдено во Градскиот парк во Скопје

Докторот Јордан Камнар најверојатно починал од срцев напад, пренесуваат неколку медиуми. Информацијата дојде неколку часа откако неговите роднини го идентификувале телото. Сепак официјално, истрагата се уште не ги соопштува причините за смртта на доктор Камнар. 
Јордан Камнар зад себе има импресивна докторска кариера. Бил директор на Клиниката за ортопедија и шеф на катедрата за ортопедија. Неговото тело утрово го пронајде случаен минувач во близина на сточарскиот Институт во Градскиот парк во Скопје.

Тука погледнете ги фотографиите кои ги направи екипата на Press24 од местото каде што беше телото на доктор Камнар