Заев: Одиме според планот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку опозициските медиуми испрати порака до членството да се појави на протестот закажан за денеска во 12 часот пред Основниот суд во Скопје. 

„Целта на овој протест е пред се да ги охрабриме судовите и судиите да работат по закон, а не под влијание на власта бидејќи нема услови на Шиповиќ да му се одредува притвор. Тие можеа и од скопскиот аеродром да го однесат право во притвор во Шутка, па апсењето во Виена не го менува планот за протест пред судот. Доста е од политички монтирани случаи“ – рече Заев во изјава што ја пренесе Либертас

Опозициски активисти цела ноќ растураа летоци по скопски Центар, а засилено се работеше и на социјалните мрежи. 

Заев, вчера одржа прес конференција. На неа не спомена ниту еден збор за денешниот протест. Без коментар по прес конференцијата остана и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. 

15.10.2013 - 11:18

најчитано сега